Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека власта нема никаква стратегија за модернизација на државата, но затоа целосно се фокусира на манипулација со гласовите преку воведување нов модел за гласање на дијаспората.

„Многу е интересно тоа што гледате власта како одржува сè да биде вака, без никаков прогрес тука во државата. И нема никаков напредок во ниту еден сектор, во ниту една сфера во државата. Нема нова технологија во образованието, нема нова технологија во здравството. Видите каков хаос е во здравството. Не работат операциони сали, нема лекови за пациенти. Видите во какви услови учат учениците. Видете што се случува во земјоделството, а во светот има, на пример, нова технологија која го зголемува производството на земјоделците. Кога тоа ќе се имплементира?“, праша Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека наместо државата да ги применува современите технологии таму каде што директно го подобруваат животот на граѓаните, власта ги користи како изговор за спорни измени на Изборниот законик.

„И сега ние не зборуваме за нас, за тоа како да го унапредиме квалитетот на животот на нашите граѓани, со било која алатка, механизам, технологија која што има во Европа и во светот, и власта се фокусира на некаков нов начин, со нова технологија, за гласање на дијаспората. Зошто? Зошто е тоа така? Зошто немаат интерес државата да се унапреди? Зошто немаат интерес ние да тргнеме напред? Зошто Христијан Мицкоски, поради свој личен интерес, тука нè држи во место? Тој нема право да го прави тоа“, истакна Филипче.

Тој предупреди дека воведувањето на нови модели за гласање мора да биде резултат на сериозна експертска анализа, а не на политички интереси. Филипче повтори дека СДСМ не е против гласањето на дијаспората, но дека не смее да се воведуваат решенија што отвораат сомнежи за безбедноста и легитимноста на изборниот процес.

Проблем за предложениот Изборниот законик е само обидот на ВМРО-ДПМНЕ да направи изборни манипулации, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче посочи дека СДСМ ја поддржува европската агенда, но нема да прифати механизми што го доведуваат во прашање легитимитетот на изборите.

„Тоа дека е дел од реформската агенда и тоа што власта кажува дека тоа е нешто што е за нив многу важно, меѓутоа не отстапува од тоа што таму се става еден член со кој што сериозно може да се доведе до прашање легитимноста на било кои следни избори, а тоа е несоодветен начин на гласање многу поинаков од тоа што е сега на дијаспората, е уште еден доказ дека нив Европа навистина не ги интересира“, рече Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ е подготвен да ја поддржи европската агенда, но не и по цена да се отвори можност за изборна злоупотреба.

„Спремни сме и секогаш ја поддржуваме Европската агенда, но не по цена ВМРО да протне механизам со кој што можат утре да ги крадат изборите“, рече Филипче.

Во одговорот, Филипче порача дека доколку се повлече спорниот член за промена на начинот на гласање на дијаспората, може да се отвори сериозна и институционална дебата за други можни решенија.

„Ако го тргнат членот во кој што се менува досегашниот начин на гласање на дијаспората, и да се согласат, еве нека се формира работна група, која што доколку треба, може да разговара за некој начин соодветен, како поинаку би гласала дијаспората, да им се олесни, но не со примери какви што во Европа до сега не функционирале иниту една европска земја тоа не го направила, иако се обидела, многу поразвиени на нас, со многу поголема контрола на системот, електронско гласење или по пошта, еве да го дебатираме, па во следниот период нека заклучи некој експертска работна група кој што ќе анализира примери од други земји, дали е потребно и на кој начин треба да се смени гласењето на диаспората кај нас“, рече Филипче.

Тој додаде дека ставот на СДСМ е принципиелен и нема да се дозволи изборен грабеж.

„Тоа е нашата принципиелна забелешка и ова е нашиот принципиелен став. Не блокираме само така без никаква причина, како што тоа го правеше ВМРО со години додека беа во опозиција, бројни закони кои беа во интерес на граѓаните ги блокираа од хир. Не, нашата забелешка е принципиелна . Изборен грабеж, кражба нема да дозволиме“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Левица: Секоја населба се претвори во градилиште, а цените на становите се удвоија, власта не нуди политика за домување

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност