Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата, предводена од СДС, Левица и ДУИ, дека го блокирала процесот за донесување на нов Изборен законик и дека не се залага за подобри изборни правила, туку за тоа законикот воопшто да не биде донесен.

На прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски изјави дека по подолг период постоела реална можност новиот Изборен законик да биде усвоен со широк политички консензус.

Според него, со месеци сите политички партии учествувале во разговорите, при што се усогласувале текстови, се прифаќале предлози и се барало решение прифатливо за сите.

Манасиевски рече дека, кога требало договорот да биде финализиран, СДС, Левица и ДУИ се повлекле од процесот и го блокирале неговото завршување.

„Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки“, изјави Манасиевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот опозицијата да се договори околу своите барања, по што владејачката партија, како што рече, е подготвена веднаш да ги прифати, со цел да се олесни гласањето на дијаспората.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека одговорноста што новиот Изборен законик нема да биде донесен и што следните избори би се одржале според постојниот закон е исклучиво кај СДС, Левица и ДУИ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“