Имам чест да зборувам пред толку убави хулигани, но вечерва јас нема да зборувам за тоа што го украдоа, ќе зборувам за нешто друго. За геноцидот од младите, 620 илјади млади луѓе исселени од оваа држава, од кои еден од нив сум јас, рече еден од демонстрантите.
Кога решив да се вратам во Македонија, тоа беше пред две години, на самиот почеток од проектот Вистината за Македонија, сите ме прашуваа зошто го правиш тоа, јас бев одлучен, одлучен затоа што сакав сите млади да се вратиме тука, во нашата татковина, затоа што ова е нашиот дом, зошто сакаме да бидеме со нашите родители и нема да престанам. И да ме заплашуваат и да ме апсат, јас сум петомајски хулиган. Вечерва сакам да ги замолам дечките сите да фрламе боја во чест на сите кои сакаат да го направат тоа, а не се тука, рече демонстрантот.