Силно невреме со дожд и грмотевици го зафати главниот град попладнево. Од УХМР соопштија дека на повеќе места низ државата имало пообилен пороен дожд, интензивни електрични празнења и засилен ветер.
До крајот на денот ќе остане променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и поретка појава на грмежи. Локално и во наредните часови можно е да наврнат пообилни врнежи за краток временски период.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови само за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
