(ВИДЕО) Силјановска: Силно светнал ден, за рекордно време собрани 10 илјади потписи

Од:

Професорката Гордана Силјановска преку видео порака ја извести јавноста дека за рекорден рок се собрани потребните 10 илјади потписи за нејзината кандидатура за претседател.

Од срце ви благодарам на сите за вашата поддршкаВидео изјава за собраните над 10 илјади потписи за претседателската кандидатура

Posted by Gordana Siljanovska Davkova on Сабота, 23 февруари 2019

-Туку што дознав дека за многу гусо време, за рекордни неколку часа се собрани потребните 10 илјади потиси. Со тоа јас официјално ќе станам кандидат за претседател на Република Македонија. Немам зборови со кои би ја изразила благодарноста. За мене ова е како во рациновата песна, силно светнал ден. Ова е денот кога ја започуваме битката за право и правда во РМ, од срце ви благодарам, рече Силјановска.

Професорката Силјановска пред точно седум дена на конгресот во Струга ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ со што официјално најголемата опозициска партија застана зад неа за претстојните претседателски избори.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски