(ВИДЕО) Шврговски: Очекувавме ослободителна пресуда за Грујевски

Од:

Ние очекувавме ослободителна пресуда бидејќи сме на становиште дека како објект на заштита не постои службена исправа која може да биде предмет на ова кривично дело, изјави адвокатот Шврговски по донесувањето на одлуката првообвинетиот во случајот „Тврдина 2“, Горан Грујевски, да добие година и пол затворска казна за уништување на документација.

– Во завршниот збор направивме јасна дистинкција помеѓу старото и новото законско решение кое што не остава воопшто простор за било какво самоволно толкување на одредбата од став 2 која што јасно и експлицитно сугерира дека вистинска исправа не може да биде предмет на уништување бидејќи ставот 2 се поврзува со став 1 каде што предмет на извршување на ова кривично дело може да бидат само службени исправи со невистинита содржина, а никако службени исправи со вистинита содржина, изјави Шврговски.

Тој рече дека очигледно со судот имаат различна диоптрија на гледање на работите и на објектот на заштита кој што може да биде предмет на ова кривично дело, па поради овие причини ќе поднесат жалба на пресудата и околностите околу надлежноста која што се оспорува во текот на завршните зборови.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов