(ВИДЕО) Шврговски: Ќе докажеме дека обвинетите не се виновни

Од:

Сигурни сме и убедени дека ќе успееме во нашата теза и ќе докажеме дека обвинетите не се виновни за ова кривично дело, изјави адвокатот на обвинетите во „Тврдија 2“, Љупчо Шврговски, по денешното рочиште, на кое што во кривичниот суд сведочеа шест службенички од МВР.

Првообвинет во случајот е ескшефот на УБК, Горан Грујевски, кој трети месец е во бегство, како и шест службенички во Управата. Адвокатот Шврговски рече дека немал никаков контакт со неговиот клиент од моментот кога тој е недостапен за органите на прогонот.

„Јас немам никаков контакт од моментот кога тој е недостапен. Полномошното беше издадено од неговиот син, кој инсистираше ние да го застапуваме, а ние мислам дека имаме одлична теза која што ќе ја пласираме кога ќе дојде време за тоа – во завршни зборови“, изјави Шврговски.

Во врска со сведочењето на вработена во УБК, која дала еден исказ во СЈО, а вчера сведочеше сосема поинаку во судот, Шврговски рече: „Тоа што го кажа – тоа го слушнавме, на одреден начин сакаше да ја префрли одговорноста на мојот клиент, дека тој ѝ подметнал нешто да потпишува. Тоа во првиот наврат, а во вториот наврат истакна дека откако била уништена документацијата, повторно кога и била предочена потврдата за уништениот материјал – не знае што потпишала – што е нон сенс“.

За исказот во СЈО, Шврговски истакна дека се произнеле и дека судот тоа го прифатил како факт. „Тој исказ во СЈО не може да се користи во доказна постапка на јавна расправа, бидејќи таму имаше својство на сведок, а тука има својство на обвинет. Така да судот го прифати тој приговор“.

Шврговски смета дека новите докази на СЈО не се поврзани со овој предмет. „Тоа не е наш став. Ние сметаме дека нема никаква допирна точка до законот за СЈО од каде што тие ја црпат својата надлежност“, додаде тој.

Коментирајќи ги исказите на сведоците во судот, адвокатот Шврговски смета дека сведоците на рочиштето истакнале само ноторен факт – а тоа е дека присуствувале, а дел од нив и го организирале уништувањето на материјалите, меѓутоа, дека тоа било во согласност со процедурите што ги налага законот, односно подзаконските акти кои што ја третираат таа материја.

„Ќе побараме од судот, бидејќи законот го дозволува тој екслузивитет, да ни се достават и оригинали и да се декласифицираат, бидејќи иако зборувавме за еднаквост на оружје, ние ме сме еднакви во оружјата. Тоа ќе го направи судот по службена должност, во интерес на утврдување на фактичката состојба, се во интерес на вистината“, додаде Шврговски.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов