(ВИДЕО) Шкријељ: Градинките ќе бидат отворени кога ќе биде безбедно, дотогаш важат уредбите на Владата

Од:

Комисијата за заразни болести и Владата работат на протокол со кој ќе се овозможи повторно отворање на градинките и нивно безбедно функционирање, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ.

Таа одговарајќи на новинарско прашање истана дека првиот приоритет и на Министерството и целосно на Владата ќе биде грижата за зачувување на здравјето како на децата, така и на вработените во градинките.

-Во секој случај, сакаме да порачаме дека децата нема да останат незгрижени. Значи, услугите кои стојат на располагање дали значат отворање повторно на градинките или продолжување на мерките што се уште важат, а тоа е ослободување од работа и работни активности на родител кој се грижи за дете што посетувало градинка или дете до 10-годишна возраст, се уште се во сила и тие продолжуваат да важат, рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика.

Исто така, продолжува да важи и Уредбата за пролонгирање на породилното отсуство на сите мајки на кои породилното отсуство им завршува сега за времетраење на вонредната состојба.

-Повторно ќе порачаме дека децата нема да останат незгрижени, а самата одлука кога ќе се случи отворањето на градинките ќе се донесе земајќи ги предвид првенствено здравјето и безбедноста на нашите деца, истакна Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on