Универзитетскиот професор по уставно право Светомир Шкариќ смета дека нема причина пензионерите да не плаќаат придонеси за хонорарите, односно да бидат изземени од овие пет закони со оглед дека сите се еднакви пред Уставот.
– Законот важи за сите, а ако им се толку важни пензионерите за избори, тогаш нека донесат посебен закон. Треба и за нив да важат овие ограничувања, рече универзитетскиот професор по уставно право Светомир Шкариќ на отворената дискусија за нацрт иницијатива за оспорување на уставноста на закононите со кои се регулира плаќањето приднеси за хонорарите во организаиција на ФООМ и платформата Ајде.
Шкариќ сугерираше одредбите кои се напаѓаат како неуставни, треба да се види дали може да бидат укинати од страна на Уставниот суд.
– Добро би било некои општи категории во иницијативата, како владеење на правото да се појасни. Мора да се направи разлика помеѓу владеење на правото и владеење на законот, рече Шкариќ.
Според него, во германскиот уставен суд, секој уставен судија е доктор на науки, што не е случај и овде.
-Таму е наука и пракса. И овде мора да да продира науката. По овие промени во составот на Уставниот суд во 20012 или 2013 година, Уставниот суд е блокиран и лесно може да се случи иницијативата да биде одбиена. Ако биде одбиена бидете среќни ако Уставниот суд и сега постапи како со иницијативата на новинарите-да даде образложение. И таму со образложението Уставниот суд ги нацрта сите актери без да биде свесен. Најдобро е да се отвори јавна расправа. Не сум оптимист, ама не сум ниту песимист, рече Шкариќ.