ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Од:

Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ) обезбеди донација од 100 илјади долари за итна хуманитарна интервенција за загрозените ромски семејства кои се социјално и економски најдиректно засегнати од здравствената криза.

– Од исклучителна важност во овие моменти е да се обезбеди соодветната поддршка за најранливите групи граѓани и тоа преку зголемување на можноста за одржување на редовна хигиена и дезинфекција, но и преку поддршка во храна во периодот на изолација. За таа цел, Фондацијата, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија обезбеди хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена кои се доволни во период од еден месец да служат за потребите на едно семејство со четири до шест членови, соопштија од Фондацијата.

Со активноста ќе се опфатат околу 10 илјади граѓани од ромската заедница, односно околу две илјади семејства кои живеат во скопско Шуто Оризари, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Куманово, Делчево, Виница, Пехчево и село Црник.

Дистрибуцијата на хуманитарните пакети ќе започне утре и ќе заврши најдоцна на 10 април годинава.

– За непречено одвивање на активноста, Црвениот крст на терен ќе соработува со шест граѓански организации кои се активни и препознаени во ромските заедници – Романо Чачипе, ИРИЗ – Скопје, Сонце – Тетово, Станица П.Е.Т. – Прилеп, НРЦ – Куманово, НВО КХАМ – Делчево, ХОПС -Скопје и Центарот за деца на улица – Шуто Оризари и кои помогнаа да се идентификуваат потребите на најпогодените ромски семејства и ќе ја помогнат дистрибуцијата на хуманитарните пакети, наведуваат во соопштението.

Од Фондацијата велат дека поддршката и учеството на ромската заедница во подобрувањето на условите за пристап до образование, здравствени и правни услуги, но и за промена на перцепциите, ставовите и однесувањата кон Ромите останува нивен фокус и понатаму.

– Ние во Фондацијата Отворено општество Македонија сме посветени на градењето толерантно и инклузивно општество, отворено за учество на сите граѓани подеднакво, додаваат во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска