(ВИДЕО) Шилегов: Во центарот на Скопје ја градиме најголемата пешачка зона во Европа

Од:

Градоначалникот Шилегов презентираше дел од инфраструктурните проекти за наредните 4 години што ќе бидат од суштинско значење за целосно решавање на проблемот со метежот во градскиот сообраќај.

„Во Центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа која ќе се протега од Собрание до Палома Бјанка и од Стара Железничка до Бит пазар. Го пробиваме булевар Македонија (Јужен Булевар) како ултрамодерна подземна сообраќајница која завршува со модерен кружен тек кај Нова Македонија, а со една двокатна ротонда кај Нова Македонија и две двокатни ротонди од правецот на Бихаќка кон Рампа, го поврзуваме центарот на градот на оската исток запад, со што ќе се намали протокот на возилата на улиците Железничка и Кирил и Методиј“, изјави градоначалникот Шилегов.

Според неговите веќе започнати проекти, целосно ќе биде завршен и булеварот Словенија кој ќе води до Волково и Ново Село, а ќе биде поврзан и со мостот на Љубљанска. Ова е важен коридор за комуникација на компаниите од индустриската зона Визбегово во која егзистираат околу 2.500 вработени лица, како и за сите граѓани кои патуваат кон соседно Косово.

„Ја градиме улицата Цветан Димов низ Чаир за да ја претвориме во булевар со сите аршини. Профилот на сообраќајницата ќе биде со три сообраќајни ленти во секоја насока, средишно разделно зеленило од 2 метри и велосипедска и пешачка патека во двата правци. Решението ќе вклучува и БРТ станици за оската север-југ која ќе се реализира во втора фаза, а ќе биде пропратено и со соодветна урбана опрема и лед осветлување“, вели Шилегов.

Град Скопје има студија за денивелирана крстосница кај судска палата помеѓу булеварите Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев. За да се зголеми протокот на крстосницата, ќе се направи денивелација на сообраќајните ленти кои се вкрстуваат, а пешаците и велосипедистите ќе се одвојат на посебни и безбедни коридори, кои ќе им овозможат побрз премин над раскрсницата.

„Одново ќе го изградиме мостот Обединети нации. Со воведувањето на БРТ системот, потребно е негово проширување со функционални 6 ленти, но и пошироки велосипедски и пешачки патеки. Затоа, во изведбата на БРТ во Скопје, предвидена е изградба на ваков нов челичен мост. Мостот на АСНОМ го пуштаме наскоро, а булеварското решение кај Керамидница очекувам да биде готово до крајот на следната година. Овој мост поврзува 3 општини: Аеродром, Центар и Гази Баба“, заклучува Шилегов.

Скопје за 4 години ќе биде град со нови, современи и квалитетни инфраструктурни решенија градени по сите најдобри светски стандарди за квалитет. Одржливата урбана мобилност во градот е императив од кој не се отстапува и во следните четири години. Ова се реални, остварливи и добро испланирани сообраќајни решенија кои долгорочно го надминуваат проблемот на сообраќајниот метеж во градот. Со вакви решенија Скопје добива сообраќајна инфрастуктура каква што има секоја модерна европска престолнина. Ова е најдоброто за Скопје, затоа што Скопје само тоа и го заслужува.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он