(ВИДЕО) Шилегов: Уставниот суд да покаже дека правдата може да биде поважна од желбите на Груевски

Од:

На седницата закажана за утре, Уставниот суд има можност да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство.Еве шанса Уставниот суд барем еднаш да покаже дека правото и правната може да им бидат поважни од исполнувањето на желбите на Никола Груевски, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.


 
„Одговорноста за владеењето на правото и еднаквост на сите граѓани пред законот е многу поголема.
 
Станува збор за тоа дали Македонија ќе ја надмине политичката, општествената и правната криза во којашто се наоѓа.
 
Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО.
 
Борбата против криминалот и корупцијата, правдата и правото не смеат да бидат под каква било закана.
 
Непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата мора да биде обезбедена и гарантирана.
 
Граѓаните да бидат сигурни дека пред законите се сите еднакви, и граѓаните и политичарите.
 
За излез од длабоката политичка криза потребно е итно да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни фер, демократски и кредибилни избори“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

Дискриминација на пензионерите во странство – Законот за пензиите пред Уставен

Катерина Ѓуровски