(ВИДЕО) Шилегов: Обвинителството работи под диктат на Груевски, Мијалков и Илиевски

Од:

„Јавното обвинителство официјално соопшти дека јавниот обвинител Јован Илиевски е формално изземен од постапување по конструираниот предмет Пуч.

Како  надреден јавен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција Јован Илиевски не може да биде изземен од постапување по овој конструиран предмет, затоа што по принципот на хиерархија и субординација на обвинителството директно е надреден над обвинителот кој постапува во конструираниот предмет“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„Согласно хиерархиската поставеност во Јавното обвинителство, баџанакот на Сашо Мијалков и извршителот на Никола Груевски, обвинителот Јован Илиевски, директно и индиректно има можност да влијае на одлуките што се однесуваат на предметот.

Дополнително, Илиевски не може формално да биде изземен затоа што не постои ниту еден основ за негово изземање согласно Законот за кривична постапка.

Оттука, не може да постои ниту формална ниту неформална одлука за изземање на јавниот обвинител Јован Илиевски од постапувањето по конструираниот предмет.

Со ваквата реакција и однесување Јавното обвинителство потврди дека работи под целосен диктат и контрола на Никола Груевски, Сашо Мијалков и Јован Илиевски“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

„Сигмоид“ со детали за јавните набавки што ги спомена СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата