(ВИДЕО) Шекеринска во посета на Косово: Македонија верува дека добрососедските односи се пат кон развиен и просперитетен регион

Од:

Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, денеска престојува во еднодневна официјална посета на Косово.

На средбата во Приштина, министерката за одбрана, Шекеринска, и министерот на Косовските безбедносни сили, Рустем Бериша истакнаа дека билатералната соработка помеѓу двете министерства е на највисоко ниво. Оваа соработка е особено добра во областа на военото образование, и изразија подготвеност таа да продолжи интензивно да се развива и во иднина.

„Македонија останува отворена за школување на питомци од Косово на Воената Академија, каде што се школуваат и питомци од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Тие се идните воени лидери на нашите земји. Ако тие научат добро да соработуваат и ако градат доверба и соработка, нашите држави ќе имаат подобра иднина“, рече министерката.

Министерката најави дека припадници на Армијата на Република Македонија ќе бидат дел од регионалната вежба „Орел VI“ која треба да се одржи во мај во Косово. Ја истакна и заинтересираноста за користење на капацитетите на косовскиот Центар за барање и спасување, а ги понуди и капацитетите во Македонија како Регионалниот центар за односи со јавноста, Воено-медицинскиот центар и полигонот „Криволак“.

Во рамки на посетата, Шекеринска имаше средба со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Македонија и Косово се две пријателски земји, чии односи се базираат на меѓусебно почитување, доверба и отвореност за соработка, заклучија на средбата министерката Шекеринска и премиерот Харадинај. Министерката истакна дека Македонија цврсто верува дека добрососедските односи се вистинскиот пат кон развиен и просперитетен регион. Шекеринска посочи дека заедничката седница на двете влади планирана за оваа година ќе ја зајакне и унапреди соработката меѓу Македонија и Косово.

Министерката доцна попладне ќе се сретне и со командантот на КФОР, генерал – мајор Салваторе Куочи.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он