(ВИДЕО) Шекеринска: Се колнат и го бранат Уставот, а тој е јасен – Иванов мора да го даде мандатот на Заев

Од:

Пораките од меѓународната заедница се јасни, недвосмислени, прецизни и идентични. Не заради тоа што сите меѓународни фактори размислуваат исто, туку заради тоа што во случајот со Македонија денес, човек не може да има поинаков став. Уставот за кој сите се колнеме и сите викаме дека го браниме е многу јасен, претседателот е должен да го даде мандатот на партија или партии кои имаат мнозинство во Собранието, рече заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа кажа дека Иванов мора да го даде Уставот, бидејќи се друго би било насилство врз Уставот.

– Она што го кажавме јасно и понатаму важи. Ние сакаме да не воведуваме во оваа држава нови преседани. Сакаме она што гласаа граѓаните, тоа е мирна промена на власта да го реализираме на дело без да се воведуваме во ситуација да се биде или не. Заради тоа ние ќе ги продолжиме дискусиите со различните политички партии кои ги дадоа потписите на Зоран Заев како мандатар и ќе ги влечеме потезите на договорен и усогласен начин. Македонските граѓани не гласаа за да се промени спикерот во Собрание, гласаа за да добијат нова реформски ориентирана влада, а не за статус кво. Нашиот фокус не е да ја одолговлекуваме, туку да ја решаваме кризата. Единствените кои се противат на мирна промена на власта се луѓето кои знаат дека ако правната држава профункционира, тие ќе треба да одговараат кривично, рече Шекеринска.

Таа нагласи дека по изборите е направен обид целата тема во политичката дебата да се промени и дека од општо барање на граѓаните политичарите да се свртат кон нивните проблеми, сега како дел од некое сценарио станале луѓе кои дискутираат етнички прашања.

– Не се поминати ни два месеца од изборите, граѓанит веќе гласаа. Помеѓу Груевски и Македонија ја избраа Македонија. Очекуваат со право од сите нас промени и одлуки кои следат после изборите. Единствените луѓе кои одлагаат локални избори се Иванов и Груевски во негова позадина. Доколку Иванов не го изигуваше Уставот од првиот момент, доколку Иванов го дадеше мандатот согласно Уставот на втората политичка партија без условување, денеска во Македонија ќе имавме функционално Собрание, избран претседател на Собранието кој закажал локални избори и ќе имавме Влада која добила мандат да организира такви избори, вели Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ