Поставен е и вториот од трите споменици на албанските дејци-Јосиф Багери се издигна до новиот театар на кејот на Вардар.
И тој е дел од повторната ноќна акција на поставување споменици во Скопје, но се уште не е познато кој ги поставува со оглед дека од Центар кои се надлежни за овој простор веќе соопшти дека сето тоа се прави без знаење на општината.
Одлуката за поставување на трите споменици на албанските дејци беше донесена уште во времето кога ВМРО-ДПМНЕ имаше власт во општина Центар, и по критиките на ДУИ дека нема албанските обележја во проектот Скопје 2014.
Багери бил католички свештеник, еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на 20 век кога учествувал во просветувањето на албанското население во реканскиот регион.