(ВИДЕО) СДСМ Штип: Железницата е во лоша состојба, што чека Јанакиески?

Од:

„Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го тресат скандали за работа со странски фирми во Македонија но и за нефункионирање на државните институции под негова надлежност.

Железницата е исто така во многу лоша состојба.

Последиците од неодговорниот однос на власта и недомаќинското работење на Македонски железници директно ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија“, рече на денешната прес-конференција Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски и член на Извршниот одбор на СДСМ Штип.

„Возовите во Македонија се вистински хорор за патниците. Греење нема, луѓето мрзнат, бараат ќебиња за да се покријат во вагоните со искршени прозори, во кои влегува снег.

Бројот на патниците во патничкиот сообраќај од 2007 година е во постојан пад.

voz 1

Во 2013 година токму ВМРО-ДПМНЕ ги покачи цените на билетите за дури 50% по што и така малиот број на патници се намали за дополнителни 40%.

Воопшто не се инвестира во развојот на железницата и железничкиот сообраќај.

Македонија е земја со најслаба развиеност на железничките пруги. Само 27 километри пруги на површина од 1.000 километри квадратни.

Регионот на источна Македонија е на самото европско дно со само 7 километри пруги на 1.000 километри квадратни.

voz 3

Нема уреди за осигурување на патните премини поради што е зголемена опасноста од несреќи а со тоа е загрозена и безбедноста на граѓаните.

Граѓаните сведочат дека возовите што сообраќаат на патните правци низ Македонија остануваат во квар и по 8 часови, а патниците се оставени на милост и немилост.

Според информации со коишто располагаме застарените патнички локомотиви и вагони не се сервисираат редовно а сепак се пуштаат во сообраќај!?

voz 4

Синдикатите во железница алармирале за недостаток на резервни делови, неквалитетно и ненавремено сервисирање на возниот парк како и за нереализирани набавки. Но, ништо не е превземено.

Што чека раководството на Македонски железници?

Што чека министерот Миле Јанакиески“, праша Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски