(ВИДЕО) СДСМ: Јолевски и Котевски веднаш да си поднесат оставки

Од:

„Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите во вчерашното тројно грозоморно убиство извршено од страна на професионален војник.

Укажуваме дека е недозволив молкот на министерот за одбрана Зоран Јолевски, на началникот на Генерал Штабот Горанчо Котевски и на премиерот Никола Груевски“, изјави на денешната прес-конференција Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

„Бараме Јолевски и Котевски веднаш да си поднесат неотповикливи оставки. Во црно се две семејства на убиените и уште едно на професионалниот војник.

МО и ГШ побрзаа преку соопштение да кажат дека војниот – убиец бил психофизички здрав, со што се вклучија во затајувањето на одговорноста за случајот.

Нивното соопштение стигна, кога стигна и новата вест, дека по убиствата, војникот – убиец се самоубил!

Професионалниот војник имал семејни проблеми. Од семејството бил пријавуван повеќепати за физичко насилство. Против него имало и кривична пријава. Јавна тајна била неговата состојба.

И покрај ова, професионалниот војник не бил лишен од дел од службените овластувања. Напротив, бил поставен да извршува сериозни задачи, му било дозволено да задолжи службено оружје и да задолжи муниција!

Професионалниот војник во работно време ги извршил убиствата. Успејал да го напушти стражарското место, а се што се случило потоа упатува дека неговото отусуство не било навреме регистрирано.

Сето ова покажува дека комплетно затаил системот на контрола, не само здравствената служба, којашто дала одобрение војникот да служи стража, туку потфрлиле и други служби.

Трагичниот инцидент во Злетово ги потврдува состојбите во МО и во АРМ на коишто укажуваме подолг временски период. Постои непрофесионализам во процедурите за работа согласно правилата на службите во АРМ.

Ова второ тројно убиство, за само еден месец, во коешто припадник на безбедносни сили, со службено оружје ја зема правдата во свои раце, потврдува сериозни пропусти во целиот безбедносен систем во Република Македонија“, вели Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните