А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) СДСМ Битола: Дел од директорите во училиштата во Битола се инструмент во рацете на Груевски

by А1он25/03/2015 - 14:0225/03/2015 - 14:12387
Share0

„Скандалозните уцени и закани упатени кон средношколците во Битола, од страна на професори и директори, се срамни и недозволиви.

Следете a1on на Instagram Instagram

Го осудуваме непрофесионалното однесување на директорката и професорка од средното медицинско училиште во Битола кон учениците, видливо од објавената снимка на социјалните мрежи“, рече на денешната прес-конференција Јулијана Силјановска, СДСМ Битола.

„Овој непедагошки чин ги деградира учениците како автономни личности и ги промовира заканите како нормален начин на комуникација, што е недозволиво.

Следете a1on на Youtube YouTube

Средношколците се иднината на оваа земја и кон нив никој нема право да се однесува недолично. Најмалку професорите и директорите кои треба да ги образуваат и воспитуваат.

Легитимно е да се бара подобро и поквалитетно образование. Средношколците имаат право да го искажат својот став за лошите реформи и хаосот во образованието. Во тоа беа поддржани и од нивните родители и од професори.

Но, наместо да ги штитат интересите на учениците и да го бранат правото на подобро образование, дел од директорите и професорите во училиштата решија да го бранат Никола Груевски.

Ова е уште една потврда дека и директорите во училиштата во Битола се инструмент во рацете на Никола Груевски и малата група околу него“, вели Силјановска.

„Залоупотребата на позицијата директор е неприфатлива и за тоа мора да се понесе одговорност.

СДСМ  бара веднаш да престанат заканите и притисоците врз средношколците во Битола.

Апелираме, директорите на училиштата, и професорите, да ги почитуваат ставовите и барањата на средношколците и да создадат клима за суштински разговари со нив“, изјави Јулијана Силјановска.

bitolasdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:09

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео