(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Од:

Разрешената обвинителка Вилма Русковска пред еден месец во интервју на А1он кажа дека очекува да биде разрешена од обвинителската позиција, согласно информациите кои ги добила. Дали имало притисоци за тоа, кажа дека не знаела.

„Очекувам советот да донесе одлука за мое разрешување. Така се зборува и такви информации имам добиено. Не знам, навистина не знам дали има притисок и од каде е“, рече Русковска за А1он.

Денеска пак, членовите на Советот на јавните обвинители едногласно ја разрешија поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител, а беше донесена и одлука за намалување на платата на обвинителката Ивана Трајчева за 30 проценти во траење од шест месеци.

Против Русковска и обвинителките Трајчева и Елизабета Јосифоска беше отворена дисциплинска постапка поради претресот во просторите на Управата за финансиска полиција летото 2022 година, додека директор на оваа институција беше Арафат Муареми.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај