(ВИДЕО) Загрозен сведок: Насоките за влезот во Собранието ги давал Чавков, по наредба на Никола Груевски

Од:

На денешното рочиште за сусењето за крвавиот четврток, обвинителките Вилма Рускоска и Ивана Трајчева ги изнесоа завршните зборови за предметот.

Обвинителката Ивана Трајчева кажа дека на 27 април 2017 година, обвинетите за време на одржувањето на конститутивната седница во Собранието со намера да го загрозат уставниот поредок на државата, предизвикале акт на насилство и го загрозиле животот на пратениците, новинарите и останатите присутни во законодавниот дом.

Обвинителката Вилма Рускоска рече дека многу работи се смениле во судницата и надвор од неа откако почнало судењето.

“Сведочењето кај мене како човек предизвика чувство на горчина и срам оти траумата ја доживеале во највисокиот законодавен дом”, рече Рускоска. “Законот за амнестија влијае на чувството на неказнивост”, дополни обвинителката. Таа кажа дека судот не треба да се раководи од фактот дека на некого му се закануваат 10 години затвор, а некој е ослободен со амнестијата. Рече дека единствено важни се доказите, зашто на тој ден граѓаните виделе премногу насилство.

Загрозениот сведок С1 рекол дека насоките за влезот во Собранието ги давал Чавков, по наредба на Никола Груевски. Обвинителката кажа дека Чавков од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ давал наредби за пасивно делување. “Златната команда е во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, информиран за се’ и ништи не прави, ништо не се случува”.

Рускоска рече дека не можеле да го најдат мобилниот телефон на Чавков, зашто наводно го загубил по болниците. Обвинителката кажа дека комуникацијата на Чавков била на Вибер, а комуникацијата лоцирана преку базните станици ВМРО-Алмако.

Кога Чавков добил порака дека ќе се избира претседател на Собранието, истата порака му ја испратил на Груевски, што било утврдено од вештачењето на телефонот на Трајко Велјаноски, кажа обвинителката.

Во предметот им се судеше на 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и двајца како помагачи. Од нив, 15 беа амнестирани, а им се суди на 18.

Обвинителката Ивана Трајчева кажа дека на 27 април 2017 година, обвинетите за време на одржувањето на конститутивната седница во Собранието со намера да го загрозат уставниот поредок на државата, предизвикале акт на насилство и го загрозиле животот на пратениците, новинарите и останатите присутни во законодавниот дом.

Обвинети останаа: ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдулфета Аљими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски Ќосето, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митровски Кољо, Сашо Марковски и Александар Василевски Нинџа.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија