(ВИДЕО) Ристовски: „Северна“ ќе ја избришеме со изјава за ништовност, не мора да има уставни измени

Од:

Со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ странските амбасади ги фрлаат парите во ветер. Со нив никогаш нема да имаме владеење на правото, вели претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски во интервју за А1он. Заложбите на Интегра се независен министер за правда кој би направил промени кои ќе се паметат, а меѓу кои и бришење на придавката „Северна“.

„Ние одиме чекор понатаму. Ќе му дадеме одврзани раце на тој министер за правда, да спроведе постапка на ништовност на последиците од Преспанскиот договор и на придавката „Северна“ од политичко правниот простор. Политичка одлука, не мора да има правна одлука. Се сѐ прави со политичка одлука, како што се донесе, така и ќе се однесе. Има начин сосема легално и легитимно. Разговарано е со меѓународни правни ефекти, има начин со изјава за ништовност, се сѐ враќа на нулта точка. Ова е објективно потврдено од силни, моќни професорски имиња“, вели Ристовски.

Тој вели дека поради трите најголеми партии во Македонија, државата е оставена во ветувања за канализација, кал и полски тоалети. Проектот „македонски сателит 2030“ според него, бил смешен за сите, а потоа во таков проект влегле Словенија, Албанија и Црна Гора. Доколку властите се сериозни Македонија да биде фактор, тој смета дека треба да има македонски сателит и пред 2030 година.

„Сведоци сме дека после парламентарните избори во 2020 година, не помина година дена, Словенија влезе во овој проект и веќе има два сателита. И Албанија влезе со два сателита. И Црна Гора влезе во оваа програма. Околу милион и сто илјади евра би чинел сателит на кој ќе пишува „Made in Macedonia“. Тврдам дека ако сакаме да ја зајакнеме државноста на Македонија, веднаш треба да влеземе во програма за испраќање на македонски сателит, да не чекаме програма за 2030 година и доколку Интегра е фактор во власта по наредните избори, тврдам дека таа програма брзо ќе се исполни и со тоа Македонија ќе добие уште еден моќен столб на својата државност и ќе стане респектабилен фактор. Овој проект не се однесуваше само на сателитот, туку на повеќе работи. Точно е дека е проект кој што е од повисока перспектива. Точно е дека нацијата е донесена 32 години да ја гледа македонската стварност низ призмата на канализација, водовод, полски тоалети, патишта со кал. Ние сме доведени во ниво кое што е дно“, кажа Ристовски.

Претседателот на Интегра обвинува дека ботови на социјалните мрежи се обиделе да го исмејуваат проектот брзи возови во Македонија, а потоа Србија почнала со имплементација на таков проект. Според него, секаде каде што има коридор, постои заинтересираност од приватни инвестициски фондови за влез во овој проект.

„По изборите во 2020 година, се разигра сцената на екс југословенскиот простор и Србија имаше храброст прва да влезе во реализација на брза железница. Значи можело. Тоа што во тој момент, монополите преку ботовите на социјалните мрежи направија жесток атак да ја уништат оваа идеја и да ја закопаат еднаш засекогаш, таа никна во Србија, исто како што сателитите никнаа во Словенија, Албанија, Црна Гора, така и брзата железница ќе никне во Македонија“, додава тој.

За сите проекти кои Интегра ги ветува, Ристовски во интервјуто на А1он за првпат кажува дека однапред бараат инвеститори кои би давале пари во Македонија.

Неговата партија активно учествува во барањата за една изборна единица, иако не верува дека тоа ќе се исполни за брзо време. Се уште не кажува дали ќе имаат претседателски кандидат, иако вели дека се разгледуваат повеќе имиња.

Погледнете го целото интервју на А1он со претседателот на политичката партија Интегра, Љупчо Ристовски.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Дајте ни поддшка, да спречиме да го расчеречат Уставот, да спречиме да исчезне државотворноста на македонскиот народ

Ристовски: Ромите заслужуваат да живеат квалитетно во Шуто Оризари, да имаат квалитетно здравство и образование

Ристовски: Уценувачката екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен

Предраг Петровиќ

Обезбедувањето му забранило пристап на пазарот во Велес на Ристовски: Ова го немало ни во најтемните денови на комунизмот

(ВИДЕО) Ристовски: Поголеми пензии, наместо јадење бифтеци и лешници по канцеларии, министрите сами да си плаќаат од џеб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески