(ВИДЕО) Ристовски: Јолевски да објасни по кој основ му ја одземаат оштетата на бранителот од 2001 година

Од:

Стефан Ристовски, адвокат на поранешниот припадник на АРМ, Димче Манчов за А1он вели дека имале средба со шефот на кабинет на Министерот за одбрана Зоран Јолевски од каде побарале објаснување зошто и по кој основ тие ги бараат назад парите кои Манчов ги добил како оштета поради нарушено здравје по војната во 2001 година.

Со цел поранешниот бранител да ја врати сумата која ја добил и тоа со камата, од страна на Министерството за одбрана било поднесено барање до Јавното обвинителство за заштита на законитоста кое што потоа било поднесено до Врховниот суд.

Ристовски вели дека целата постапка е спротивна на членот 205 од Законот за облигациони односи во кој се вели дека не може да се бара враќање на платените износи за надомест на штета доколку исплатата е извршена на свесен прибавувач.

Адвокатскиот тим на Манчов исто така побарал да им биде кажано името на лицето кое што го водел случајот и го чувал во фиокта повеќе од 9 ипол години.
Според Ристовски, со тоа што предметот не бил изнесуван, направена е несомнена штета врз Манчов кој треба да врати три пати поголема сума отколку реалната што ја добил.

-Од 448 илјади денари, побараното со камати изнесува 1 милион и двесте илјади денари. Од наша страна беше побарано итно Министерот Јолевски да побара случајот да се стави на седница на Влада како точка на дневен ред со што ќе се повлече предлогот за извршување, вели Ристовски.

Тој изјави дека не знаат за колку време ќе добијат одговори од министерството, но останува да се види дали Јолевски ќе го поднесе барањето на седница на Влада и како Владата ќе одлучи.

Ристовски не сакаше да ги коментира постапките и одлуките на Врховниот суд велејќи дека не сака да се меша во нивната работа, но сака да знае кој е тој кој доставил барање за заштита на законитоста откако средствата биле доброволно исплатени.

-Одлуката на Врховниот суд е конечна, не можам коментирам за неговото работење. Ние сакаме да добиеме одговор кој е тој што кога веќе првично биле исплатени средствата, побарал барање за заштита на законитоста, вели Ристовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Обвинителството не бара притвор за адвокатот на Палевски, но ги продолжува проверките дали бил инволвиран

Александар Тодески

Стојков, адвокатот што го возеше Палевски во Србија притворен, обвинителството утре ќе одлучува дали ќе бара притвор

Лекар и адвокат од Тетово уапсени поради незаконско работење и осигурителна измама

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Орце Костов

Одбраната на Рашковски тврди: Зоран Заев потврдил дека набавката е законска, а софтверот за потребите на Владата

Орце Костов