Адвокат починал денеска во Граѓанскиот суд во Скопје

Од:

Адвокат починал денеска во Граѓанскиот суд во Скопје, сподели адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук профил.

„Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот Граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода, но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја, порача Митровски.

„Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив. Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки (починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години“, објави Митровски.

Додаде дека премногу се вознемирил, и упати сочуство до семејството на починатиот колега.

Би можело да ве интересира

Маж од Студеничани му се заканувал на адвокат, од полицијата велат ќе заработи пријава

Горан Наумовски

Судењето за „Синџир“ одложено за 8 јули

Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе се одлучува за неговиот притвор

Катерина Ѓуровски

Кривичен денеска ќе одлучи дали судијата Георгиев ќе оди во притвор, за Мемети нема да се бара најстрога мерка

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов