Ќе треба многу време, многу енергија, многу напор институциите да ги вратиме на граѓаните на Република Македонија. И сите ние шарени, различни треба да покажеме дека тоа го умееме, затоа што нас не обединува вербата дека сме сите еднакви пред законот. Треба да бидеме заедно, обединети затоа што веруваме во истите принципи, рече пред демонстрантите Малинка Ристевска Јорданова.
Овие денови слушам дека Владата, онаа старата, ќе ги исполнела реформските приоритети. Искрено кажано, јас не им верувам, а верувам дека и вие не им верувате. Не им веруваме затоа што ништо не направија за да направат било какви реформи, единствена реформа што ја направија е да избегнат одговорност политичка и кривична, рече Ристевска Јорданова.