(ВИДЕО) Рашковски не мисли дека местел тендер со пораките во кои пишувал: „Гледајте утнете и да се убијам“

Од:

На ексгенералниот секретар Драги Рашкоски му пропадна вториот обид да избега од камерата на „А1он“. Пораките што три рочишта се презентираат во судот за него се од технички карактер. Овој став го брани, иако на претходните две рочишта се читаа транскрипти, во кои Рашковски во разговор со сопственикот на „Инвока“, за која Обвинителството рече дека нелегално го добила тендерот, зборува за висината на понуда, за наддавањето, а има и посочување во кое ексгенералниот секретар вели: „Гледајте утнете и да се убијам“. По завршување на рочиштето за „Софтвери“, тој избегна само да одговори дали пораките што три рочишта се читаат во судницата се автентични и дали му се познати. Наместо да застане, тој побрза да замине.

Прашан за коментар за пораките читани во судницата, Рашковски вели: „Ги слушнавте и вие пораките, таму се зборуваат технички работи, ќе го прашате Обвинителството“.

За пораките од претходните рочишта, каде што обвинителката рече дека Рашковски како генерален секретар контактирал со обвинетиот Даниел Станчев, кој е сопственик на фирмата „Инвока“, и давал насоки како да се добие тендерот, со додавање: „Гледајте да утнете и да се убијам“, тој не сакаше да коментира.

„Нив ќе ги прашате“, рече Рашковски мислејќи на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Тој за пораките вели дека се unknown, што значи непознато, со тенденција да укаже дека не се водени помеѓу конкретни лица иако обвинителката Ивана Трајчева на почетокот од рочиштето рече дека комуникациите се водени меѓу Ивица Димитровски и Игор Христов, како и меѓу Ивица Димитровски и Рашковски.

На посочувањето дека на претходното рочиште обвинителката рече дека бил потпишан како „Перо 078“, тој не се сети ниту на тоа и рече: „Јас колку што знам, таму пишуваше unknown, а тоа на англиски значи непознато.

На прашањето дали пораките што беа читани во судницата, а за кои обвинителката вели дека се водени меѓу него и другите обвинети, тој не сакаше да одговори и избега од камерата на „А1он“.

Инаку, според Обвинителството, ексгенералниот секретар Драги Рашковски обвинет за набавката на софтвери, кабини и камери на наместена јавна набавка од фирмата „Инвока груп“ имал псевдоним „Перо 078“. Во првиот разговор што го објави обвинителката Ивана Трајчева имаше пораки во кои се прави договор преку која фирма да се аплицира за да се добие тендерот за набавка на софтвер, кабини, камери. За оваа комуникација рече дека е водена меѓу обвинетиот Драги Рашковски, запишан (мемориран) со латинични букви „Перо 078“, обвинетата Ирена Ивановска, запишана со латинични букви „Ирена 070“, и Даниел Станчев, сопственик на фирмата „Инвока“.

Во вторите пораки што беа презентирани обвинителката покажуваше дека Рашковски давал информации за аукцијата, зборувале за наддавањето, а обвинетата Ивановска го информирала и кога тоа завршило.

Муабетите за софтвер за санкционирање сообраќајни прекршоци, изработки и менување спецификација, како и начинот на набавка, е само дел од разговорот помеѓу ексгенералниот секретар Драги Рашковски и Ивица Димитриовски, кој е професор на ФИНКИ и поранешен хонорарец во Владата. Во овој разговор обвинителката Трајчева не споменуваше конкретни имиња, но пред да почне со читање на пораките рече дека меѓу овие двајца обвинети е воден разговорот.

 

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Пресуда за случајот „Софтвери“ на 6 јули

Ана Ололовска

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“