Порака од Рашковски до фирмата од која Владата го набави неговиот софтвер: Гледајте утнете и да се убијам

Од:

Нови пораки помеѓу ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока груп“, Даниел Станчев од која е набавен софтверот за сообраќајни прекршоци патентиран од Рашковски и обвинетата Ирена Ивановска беа презентирани пред судот. Обвинителката Ивана Трајчева кажа дека пораките биле најдени во телефонот на обвинетата Ивановска, кој бил со марка „Ајфон 11“. Муабетите според неа биле правени на „Вибер“ со Драги Рашковски, кој бил зачуван во телефонот како „Перо 078“ и со обвинетиот Даниел Станчев.

Во нив се зборува за јавна набавка. Ова е продолжение на пораките.

Првата порака е од Даниел Станчев 23.12.2019 година: „Перо има три понуди, сите 7м. Лирекс, Кинг и ние“. „Перо 078“ односно Рашковски вратил: „Епа кога е наддавање?“. Обвинетата Ирена Ивановска напишала: „2 по 7м и една 7.3м“. Станчев пишал: „Ти треба да кажеш…“. „Перо 078“ односно Рашковски пишал: „Да одиме до 4.5. Кога ќе е наддавањето?“. Станчев одговорил: „Нема објава се уште. Изветување треба да ни пратат“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Нели е утре?“. Станчев одговорил: „До утре е евалуација. До 10ч“. „Перо 078“ односно Рашковски повторно: „Аха“. Станчев: „Подобар ли Дамјан“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Да. Утре ќе е наддавањето. Немој да утнете. 15 поени имате само“. Ирена Ивановска пишала: „Од колку?“. „Перо 078“ односно Рашковски одговорил: „Ќе ви стаса маил. Гледајте утнете и да се убијам. И како може некој да има повеќе стартни по..“. Ирена Ивановска одговорила: „Не знам“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Е па доставиле повеќе потврди. Ќе ви стаса маил за датум“.

На 31.12.2019 година, „Перо 078“ односно Рашковски пишал: „Аукција на 2-ри февруари, за сообраќајното, Инвока 95 бода, Лирекс 90 бода, Кинг ИЦТ 85“. Станчев пишал: „Најниска цена? Професорот е бек-ап за наддвањето, му дадовме јузер“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Важи. Спремни?“. Добил одговор: „Да. Почна“. Станчев: „5.56 дојде цената“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Терајте. До 4. Па ќе ми кажеш“. Ирена Ивановска: „4.235м, Завршивме“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Ние?“. Даниел Станчев: „Е кој друг“.

По оваа презентација, Рашковски рече дека не се плаши од комуникацијата.

„Како можете да гарантираните за пораки од ПДФ документ. Ако отворите ќе видите таму пишува кој е изворот. Дајте да ја видиме базата, дали тоа таму го има. Нас Обвинителство ни презентира ПДФ документ, не знам дали да смејам или да плачам, со цело мое знаење. Да се утврди дека изворот на пораките е контакт.дб базата, а не ПДФ документ. Лажен извор ни прикажувате“, додаде Рашковски.

Реагираше и Станчев: „Овој документ бидејќи сега е пред нас, е уредуван на 24.01.2021 година“.

Трајчева одново кажа: „Оригиналните докази се во судот, датите што ги гледате овде, како што можевте да видите додека ги читав, се маркираат со жолто. Судот може да провери.“

Претходно, исто така беше читана комуникација помеѓу Рашковски, Станчев и Ивановска.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена