(ВИДЕО) Радојчиќ: Делото е застарено

Од:

Антонио Апостолски, адвокатот на поранешниот градоначалникот на Кочани, Ратко Димитриевски рече дека судот определил мерки на претпазливост за осомничените и дека ќе разговараат со клиентите дали ќе се жалат на овие мерки.

Адвокатот на првоосомничениот Коле Смилевски, Бранко Радојчиќ, рече дека притворот што го бара СЈО е престрога мерка и дека за дела од 2001 година има настапено апсолутна застареност.

СЈО има рок од 24 часа да се жали на одлуката на судијата на претходна постапка до тричлениот судски совет, како и осомничените за изречените мерки.

Истрагата „Поштенска банка“ опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело и со неа се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Катица Јанева пред да биде уапсена одела во СЈО, салони за убавина и по вечери

Кристијан Ландов

Ѝ во телефонот на Јанева пронајдени сликите од неа и мебелот, „Ајфонот“ и се отклучувал со помош на САД

Кристијан Ландов

Османи: Црвени линии за компромис за законот за ЈО е продолжување на предметите од СЈО

Ана Ололовска

Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Ана Ололовска

Дескоска: Жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за Законот за обвинителство

Ана Ололовска

Врховниот суд ќе расправа за првите пресуди на СЈО

Ана Ололовска