ВИДЕО: Протестите во Бутел, завеса за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Од:

Последните случувања со орелот и крстот на кружните текови во Чаир и Бутел се последен обид владејачките партии да кренат димна завеса пред криминалот за кој треба да одговараат, смета Џабир Дерала од Цивил.

Тој вели дека оваа ситуација е позната и во секој изборен процес години наназад, се случува по некој верско-етнички проблем, од тепачките во автобусите, Монструм и другите големи политички превирања.

-Знаеме дека кумановската криза на чуден начин коинцидира не само со победата над фашизмот или денот на Европа, туку и со времето пред големиот граѓански протест на 17 мај. Ова токму наликува на едно такво сценарио во кое меѓуетничките и меѓуверските односи се злоупотребуваат со цел да се одвлече вниманието, да се затскрие одговорноста која иманентно ги очекува највисоките претставници на власта, било да се од македонска или од друга етничка провиниенција и сметам дека ова е веќе дотаму дојдено што веќе никој не го прифаќа, смета Дерала.

Според Рамадан Рамадани, доколку се споредат немирите на Кале и протестите во Бутел, фали една важна компонента, а тоа е народ. Тој вели дека во Бутел речиси сите демонстранти биле партиски јавни функционери, за разлика од немирите на Кале, каде според него колку-толку имало народ и од двете страни.

– Мислам дека реално гледано, сепак сето ова што се случува од поставувањето на орелот, па до обидот за поставување на крстот, комплимент е за сите тие настојувања за враќање на владеењето на правото во Македонија, зошто е тоа така, ние гледаме дека Специјалното јавно обвинителство, прочистувањето на избирачкиот список, опозициските партии создале пресија за владејачките партии да влегуваат во вакви позиции, смета Рамадани.

Според Лидија Димова од СДСМ, првиот дел бил во Собрание, а откако пратениците од ДУИ побарале пауза од еден час, ја започнале втората епизода и се појавиле во Бутел каде што треба да се гради крстот.

Бојан Маричиќ пак вели дека ова е последен обид да се закопа договорот од Пржино и еден од серијата обиди која започна со настаните во Куманово, каде власта се обидува да игра на картата на меѓуетничките тензии.

– Граѓаните не ја прифатија оваа измислица на владејачките партии. Против дејствијата на СЈО, против актуелната посета на американскиот функциониер Хој Ти, против неуспехот да се договори решение за медиумите и колку е неправилен избирачкиот список, граѓаните си наоѓаат на сопствените адреси луѓе кои не ги ни познаваат, вели Маричиќ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Реакција на ДУИ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Орце Костов