По вчерашните тврдеења на фирмата Ленд Сервис дека раководството на Скопје Сити мол забранило ромите да работат во одделот за храна, граѓаните и активистите се собраа на протест со кој го осудуваат овој чин. Тие рекоа дека се згрозени од ваквата појава, бидејќи ова не е единствен случај на дискриминација на Ромите.
„Со оглед на демантот од Скопје Сити Мол, ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот и ако се утврди дека тоа е точно ќе ги повикаме граѓаните на бојкот да не пазарат во Скопје Сити Мол“, изјави активистот Џељо Хоџиќ.
Темјана Поповска