ВИДЕО: Проширена истрагата за финансиско работење на НВО секторот, невладините го тужат УЈП

Од:

Во атакот врз невладините организации, Управата за јавни приходи ја проширила истрагата за финансиското работење на 22 граѓански организации и сега бараат увид за финансиско работење во период од 2012 до 2016 година. Во претходните упади во канцелариите на невладините, УЈП бараше увид во финансиското работење за само една година.

– Освен наводите на еден прес од страна на опозициската СДСМ дека кон 22 невладини организации и 42 лица е отворена постапка од страна на Управата финансиско разузнавање, немаме информации дали другите органи на власта се занимаваат со граѓанското општество. Не би не изненадило да овие две постапки кои знаеме дека течат бидат дел од една покоординирана акција за која можеби не треба да имаме јавно известување, рече извршната директорка на Фондацијата Отворено општество, Фани Каранфилова Пановска.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска вели дека веќе доставиле кривична пријава против УЈП за злоупотреба на лични податоци на лица од невладиниот сектор, а кои ги објавија Цветин Чилиманов, Никола Србов и Ненад Мирчевски на прес конференција. Таа најави и дека тројцата ќе мора на суд да ги докажат изнесените невистини за невладините организации.

– Она што можеме сите ние да го изјавиме е дека секој од нас достави демант до медиумите, особено до оние кои ги објавија тие лаги и невистини. Немаме сознанија за тоа дека наводно невладини испраќале деманти од мејл на висок функционер од СДСМ, но можам да кажам дека е лага и дека се оди кон тоа да се направи конекција помеѓу дејствувањето на граѓанските организации и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Инаку, постапката ја знаете, пратено е барање да се објават нашите деманти, барање за извинување до оние тројца индивидуи кои се нарекуваат движење и во рок од три месеци имаме можност да покренеме судски постапки, рече Пировска.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов