Дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, пред избори, продуцираат нова етничка тензија за билдање на сопствениот рејтинг? ДУИ, постави споменик на двоглав орел, ВМРО-ДПМНЕ, преку Светскиот македонски конгрес ќе поставува во Бутел огромен крст. ДУИ протестира, а полицијата не дозволува да се приближи до местото каде се поставува камен темелникот.
На местото каде е закажано осветување на темелите на 51 метарскиот метален крст, има специјални полициски сили .
Крстот , чија изградба ја иницира Свесткиот македонски конгрес, како одговор на двоглавиот орел во Чаир, еширок 4 метри, со ширина на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте апостоли.
Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, со свештеници од Скопската епархија.
За советници на ДУИ, иницијативата за поставување на крст е незаконска и ризична, сметаат ова е отворена провокација кон неправославните граѓани на Бутел, па побараа од општината да ја преиспита оваа одлука. Истото беше, но со спротивни улоги при постауавњето на двоглавиот орел во Топанско поле.
За СМК, крстот е симбол на соживотот.