(ВИДЕО)„Признавањето на македонски народ е спротивно на бугарскиот интерес“ – Жестока дебата на пратениците во Софија за францускиот предлог

Од:

Пратеникот од партијата „Преродба“, Ангел Георгиев жестоко го нападна францускиот предлог за кревање на ветото кој е во собраниска процедура во Парламентот во Софија затоа што покажувал слабост пред да се направат уставните промени во Македонија.

– Не убедуваат дека францускиот предлог бил добар и дека ги заштитува бугарските интереси. Ние треба да го прифатиме компромисот со таканаречената државна Северна Македонија. Во Уставот на оваа земја е запишано „македонскиот народ“, т.е., ако ние ги вметнеме македонските Бугари во Уставот, ние индиректно признаваме дека има посебен македонски народ, што е спротивно на бугарскиот национален интерес, рече Георгиев.

Народното собрание свика кворум и расправа во моментов за предлогот, а дебатата прерасна во жестока расправа.

– Ванчо Михајлов еднаш рекол „Ние не го направивме ВМРО за да имаме две држави, туку една“. Неодамна беше запален клуб кој го носи неговото име и тоа е доказ дека државата не е реформирана и соодветно на тоа не треба да биде пуштена во ЕУ. во Уставот се зборува за рамноправноста на македонскиот народ со другите народи. Со овој предлог имаме индиркетно признавање на друга народност освен бугарската. Ова е најголемата слабост на извиканото внесување на Бугарите во уставот. Ќе ви го цитирам Васил Левски “Ние Бугарите сакаме да живееме човечки и слободно. Таму каде што живее Бугаринот. Бугарија, Тракија, Македонија“, истакна Георгиев од собраниската говорница во Софија.

Би можело да ве интересира

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Софија спречи санкции врз патријархот Кирил и основачот на Лукоил

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција

Во Софија 68-годишник фатен како вози со 5,5 промили алкохол во крвта

А1он