ВИДЕО: Приведени седум дилери, запленето оружје, лабораторија за дрога, хероин и марихуана

Од:

Во полициски акции против недозволена трговија со дрога и оружје, вчера се запленети осум парчиња оружје, како и лабараторија за дрога, хероин и марихуана. Приведени се седум лица, соопшти МВР.

При претрес во домови и помошни простории во с. Којково- кратовско и во с. Злетово пронајдени се три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка, без документација. Притоа се приведени четири лиџа – Д.М. (25), З.М. (44), М.М., и Љ.М..

Во близина на куќата на Љ.М. во с. Којково откриен е и насад засаден со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадена во пластеници (високи од околу 2 м), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на марихуана во процес на сушење, сад во кој се вари марихуана, остатоци во кесиња од цедена марихуана. Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.

Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на Т.Ј. (26) од Велес и притоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети.

Во акција спроведена од СВР Струмица и СВР Велес приведени се уште две лица е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес. Кај С.И. од Струмица, пак, пронајдени се 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица. Лицата се обиделе да избегаат со возило бмв, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино и приведени.

Против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР