ВИДЕО: Приведен дилер од Скопје, пронајдени хашиш и марихуана

Од:

Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде 31-годишниот Н.Б. од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

„Вчера на 05.03. врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба извршен е претрес на дом кај пријавениот во Скопје. При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла Канабис, 1 килограм 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 ml хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 ml хашиш-смола, неколку семки Канабис и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин“, се наведува во соопштенеито на полицијата.

Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабараторија за одгледување и производство на растенија кои припаѓаат на растителниот род Канабис и производство на уље од Канабис.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари