ВИДЕО: Пресечен канал за шверц на дрога од Албанија во вредност од околу 300.000 евра

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е пресечен меѓународен канал за трговија со дрога од Албанија.

„Денеска (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Р.Албанија во нашата земја во вкупна вредност од околу 300.000 евра“, велат од МВР.

„Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско, со намера да изврши неовластено пренесување на дрога и во близина на место викано „Ушине“ од албански државјани преземал пет големи платнени торби во кои имало марихуана во различни пакувања, во вкупна количина од околу 100 килограми.

По ова З.С. се упатил по регионалниот пат Св.Наум кон Охрид, со намера дрогата неовластено да ја пренесе од Охрид за Скопје и поради финансиски долг да ја предаде на купувачи. Во 04.30 часот од страна на полициски службеници возилото било сопрено и при извршен преглед дрогата била пронајдена и одземена, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Во координација со Јавен обвинител, СВР Охрид поднесе кривична пријава до ОЈО Охрид против З.С. од Охрид, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват