ВИДЕО: Познати скопјани против барокен ГТЦ

Од:

Архитекти, студенти, актери, режисери, новинари и други скопјани се влкучуваат во Иницијативата Го сакам ГТЦ, тие преку видео пораки го изразуваат своето незадоволство за идејата ГТЦ да се покрие со барокен изглед.

Секој ден освен во недела, од 14 до 21 часот, во центарот на градот, на улица Македонија, е поставен е информативен пулт на иницијативата Го сакам ГТЦ, каде домаќини се познати скопјани кои се против барокен ГТЦ.

gosakamGTC1

-Целта е да ги информираме нашите сограѓани за настанот на 28-ми декември и да им ја доближиме заложбата за автентично идно третирање на ГТЦ.

Додека чекаме одговор од Град Скопје за локацијата пред ГТЦ кон плоштадот, ќе бидеме лоцирани на почетокот од улица Македонија, исто така кон плоштадот, за која добивме одобрение од Општина Центар.

gosakamGTC

За да бидеме присутни поголем дел од деновите и во јавен простор, сечија добронамерна поддршка е добредојдена.

Секој кој може да волонтира во активностите, може да се пријави преку порака на e-mail: [email protected], на Facebook: www.facebook.com/GoSakamGTC или да се пријави кај волонтерите на штандот, велат од иницијативата

gosakamGTC2

Тие повикуваат граѓаните кои имаат стари фотографии, приказни, инспирирани дела од ГТЦ и било какви материјали за ГТЦ да ги споделат со јавноста на блогот на Го сакам ГТЦ.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов