Полицајци во цивилка ги спореа и се обидеа да ги легитимираат демонстрантите од Шарената револуција на крстосницата кај Соборниот храм.
Откако тие почнаа да снимаат со телефоните, полицијата се повлече.
„Еве како функционираат режимските послушници кои секојдневно непотребно не малтретираат. Чавков, не ти се плашиме… ќе ви шараме се по список“, напиша на својот Фесјбук профил активистот Замир Мехмети кој го објави видеото.
Вчера полицијата го казни и демонстрантот Павле Богоевски поради пишувањето на четворката пред Триумфалната порта, со која Шарената револуција одбројуваше уште четири дена до датумот кој го дадоа како ултиматум за исполнување на нивните барања.