(ВИДЕО) Почна маршот на ВМРО-ДПМНЕ за правда: „Никогаш Северна, само Македонија“

Од:

Со пароли „Никогаш Северна, само Македонија“, почна маршот за правда на ВМРО-ДПМНЕ пред Обвинителството. Насобраната толпа на чело носи транспарент на платно на кој пишува „Заев е виновен“, а има и транспаренти со фотографијата на експремиерот на кој пишува „Готов е“, но и такви кои се однесуваат на шефицата на Обвинителството против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Насобраните луѓе на маршот носат развиорени знамиња, меѓу нив и знамето од Вергина.

На протестот присуствува и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој беше поздравен со извикувања „Христијан, Христијан, ВМРО, ВМРО“. Присутните граѓани од Обвинителството маршираат до Врховниот суд, каде што ќе се обрати Мицкоски.

Граѓаните во рацете држат црвени картони како порака ова власт да си замине и да дојде, опозицијата на власт за да се вратела правдата. Граѓаните поминувајќи покрај неколку институции свираат со свирчиња и извикуваат „Уаа, уаа” .

Од партијата истакнаа дека ќе се маршира против неправдата, за да се упати порака за почитување на правдата и да се спротистави на кршењето на Уставот и законите.

„Oваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред една недела, марш за правда под мотото „Чекориме за правда“, организираше и владејачката СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски