Плоштад Слобода реагираа на дислоцирањето на споменикот Скопје ’63, кој се наоѓаше спроти Старата Железничка станица.
Никола Наумовски, од Плоштад Слобода го запраша градоначалникот Коце Трајановски каде мисли да го дислоцира споменикот Скопје 63, и дали на овој споменик ќе му се случи истото што му се случило на цитатот на Тито на Старата Железничка станица.
Наумовски нагласи дека:
„Убаво да се види кој прв почна со дислокација на споменици и тоа без основа, за потоа за следните дислокации да го обвинува Жерновски, да го качува на багер и да го претставува како рушач наместо како градител“.
По цитатот на Тито кој беше избришан од ѕидот на Старата железничка станица, споменикот од Томе Серафимовски беше единствениот споменик кој не потсетуваше на трагедијата од 1963, рече Наумовски.
„Сега стотиците починати во земјотресот, илјадници повредени и раселени луѓе се останати без спомен. Градот Скопје повеќе ги цени историските личности кои што никогаш не стапнале во овој град отколку самите негови жители кои што починале во неговата катастрофа“, изјави Наумовски.
Темјана Поповска