Повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи, во заедничкото писмо до еврокомесарот Јоханес Хан и до други меѓународни фактори активни во решавањето на политичката криза во Македонија, во кое бараат одложување на предвремените парламентарни избори, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како партии на власт постојано го забавуваат и попречуваат спроведувањето на договорот од Пржино и на итните реформски приоритети, утврдени во извештајот на Прибе.
Итните реформски приоритети, во делот на изборните реформи предвидуваат целосно спроведување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР со посебен акцент на раздвојувањето на државата и партијата, на довербата во избирачкиот список и на системот за решавање на приговорите. Исто така, итните реформски приоритети, во делот на деполитизација на јавната администрација препорачуваат итна суспензија на Законот за трансформација на времените вработувања во јавната администрација во трајни, што е експлицитно одбиено од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
– Слично е однесувањето на владејачките партии и во делот на заштитата на приватноста на граѓаните и контролата на тајните служби, како и во зајакнувањето на независните регулаторни тела за контрола на извршната власт. Итните реформски приоритети предвидуваат ефективна собраниска и судска контрола врз следењето на комуникациите. Сѐ уште ништо сериозно не е преземено во врска со контролата врз следењето на комуникациите, па граѓаните и граѓанските организации и до ден-денешен, не се сигурни дали некој противзаконски ги следи нивните комуникации и не ја злоупотребува нивната содржина нарушувајќи ја нивната приватност.
Граѓанските активисти и сите слободоумни граѓани, сè уште се постојана мета на говор на омраза и закани од страна на провладините новинари и медиуми. Надлежните институции бавно или воопшто не реагираат и не постапуваат ефикасно во спречувањето и санкционирањето на овие појави. Во јавноста се создава слика за неказнивост и недопирливост на определени поединци под заштита на власта, кои постојано сеат говор на омраза и закани и на таков начин го засилуваат стравот кај граѓаните, кој секако, не создава атмосфера за слободни, фер и демократски избори, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Оргнизациите кои го потпишаа писмото до Хан и други меѓународни институции се:
Банка за храна Македонија | Vox Academica | Го сакам ГТЦ | Граѓанска иницијатива „Арсена“ | ЕХО Едукативно-хуманитарна организација Штип | Здружение „Женски форум“ – Тетово | Здружение „Избор“ – Струмица | Здружение „Иницијативен глас“ – Прилеп | Здружението на граѓани „Студентска организација Излез“| Здружение за граѓанско општество „8-ми Септември“ – Скопје | Здружение за демократија, дебата, дијалог, децентрализација – ПЛАН 4Д | Здружение за дислексија „Ајнштајн“| Здружение за економско-политички анализи КВАНТУМ ПРИМА – Кавадарци | Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ | Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“| Здружение за ширење на демократија и демократски принципи ПРОЕКТ-ЕУ – Кавадарци | Здружение Јустиција | Здружение Млади европски федералисти – ЏЕФ Македонија | Здружение на балканските Еѓипќани во Македонија | Здружение на граѓани „Бистра“ – Ростуше | Здружение на граѓани „Вратете насмевка“ – Велес | Здружение на граѓани „За нас се работи“ – Битола | Здружение на граѓани „Патокази“ – Гевгелија | Здружение на граѓани Есперанца Светски културен центар, Скопје | Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. | Здружение на граѓани Контрапункт | Здружение на граѓани ПРОФИЦИО – Мултиетничка толеранција преку економски просперитет | Здружение на учесници во вооружените дејствија при одбраната на суверенитетот на РМ 2001/2002 | Здружение Регионален центар за одржлив развој – Кратово | Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС – Прилеп | Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните „Изида“ 41/21 – Ресен | Здружението за локален развој „Акција Плус“ – Ресен | Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга | Има Иднина | Институт за човекови права | Интернет Хотлајн Провајдер Македонија | Јадро – асоцијација на независната културна сцена | Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ | Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ | Коалиција за одржлив развој – КОР | Македонски центар за европско образование | Македонско европско движење | Младински културен центар – Битола | Mладински образовен форум | Национален совет за родова рамноправност | НВО Здружение на ромската интелегенција – Англунипе | НВО Инфоцентар | Платформа за граѓанска политика – Ајде! | Плоштад Слобода | Прогрес – Институт за социјална демократија | Реактор – Истражување во акција | Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. | Ромски едукативен центар „Амбрела“ | Рурална Коалиција Куманово | Синдикат на македонската дипломатска служба | Транспарентност Македонија | Факултет за работи што не се учат / АКТО | Фондација Метаморфозис | Фондација Отворено општество – Македонија | Фондацијата за развој на локалната заедница Штип | Форум за истражување на безбедносни политики „Секуритас“ – Битола | Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација | Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија | Центар за граѓанска иницијатива | Центар за демократија и развој | Центар за демократски развој и иницијативи во Mакедонија – ЦДРИМ | Центар за едукација и развој | Центар за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ | Центар за истражување, комуникации и развој ПАБЛИК | Центар за културнo наследствo | Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци | Центар за одржлив развој на заедницата Дебар | Центар за развој на локалната демократија | Центар за современи уметности | ЦИВИЛ – Центар за слобода.