Христијан Пендиков не се плаши да доаѓа на рочиштата во својот Охрид, но откри дека добивал многу закани по живот.
– Верувам во судот и ќе бидам достапен секогаш. Сега сум во мојот роден град и не се плашам иако добивам по 20 закани на социјалните мрежи, рече Пендиков кој повторно се враќа за Софија каде што во моментов престојува.
Неговиот бранител не му дозволи да зборува многу, но потврди дека на следното рочиште ќе дојде да даде исказ.
– Ќе дава исказ на македонски јазик на следното рочиште. Тука е роден, најверојатно ќе дојде. Има потешкотии при патувањето поради повредите на пршлените Сметаме дека генерално обвинението е основано, рече правниот застапник на Пендиков.