(ВИДЕО) Пендиков: На Бугарите во Македонија им треба поголема заштита отколку на мене, јас сум тука во Софија

Од:

На свеченоста во Гербовата сала потпретседателката Илијана Јотова го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство на Христијан Пендиков кој се пожали дека во Македонија Бугарите како него трпат притисоци од македонските власти.

– Сакам да им се заблагодарам на сите, на претседателот Радев, на потпретседателката Јотова и на сите во полицијата кои се грижат за мојата безбедност. Особено до доктор Милен Врабевски кој ми помага. Да потсетам дека во Македонија има се уште Бугари кои се борат за нашата кауза кои се на првите редови на борбата и тие треба да имаат поголема заштита отколку јас затоа што тие се таму а јас сум во Бугарија. Трпат притисок од тамошните власти – рече Пендиков.

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова му ги предаде бугарските лични документи на церемонија со највисоки државни почести.

– Тој покрај сите провокации, остана храбар и верен на своето бугарско потекло. Денес секој граѓанин има право да зборува за своето потекло и за сопствената држава. Ние бараме од нашите партнери и соседи да ги признаат правата на Бугарите во сопствената држава и да ги впишат во Уставот. Сметаме дека на тој начин ќе бидат гарантирани тие права. Денес е повод за празник за тој млад човек на кој ние му посакуваме да биде добар бугарски граѓанин. – истакна потпретседателката на Република Бугарија.

Секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој е роден Охриѓанец што од неодамна има бугарска самосвест, Христијан Пендиков, беше нападнат и претепан во Охрид наводно поради тоа што се чувствувал како Бугарин.

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Радев го доби мандатот за формирање влада во Бугарија

Во Софија 68-годишник фатен како вози со 5,5 промили алкохол во крвта

А1он

Автобуска несреќа во Бугарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски