(ВИДЕО) Пендаровски: Не знам кој нормален во вакви траорни времиња може да размислува за власт, после Нова година ќе мислам на тоа

Од:

Не знам кој нормален човек или политичар во вакви траорни времиња може да размислува за власт, за избори или за мандати. Изборите се закажани за април и мај следната година и имаме доволно време после Нова година да размислуваме за тие работи, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Тој пред почетокот на настанот „30 години дипломатски односи Северна Македонија – Франција“ на новинарско прашање во врска со денешната негова изјава околу кандидирањето за нов мандат, изјави дека во овој момент неговите мисли се насочени само кон последниот трагичен настан со двојното убиство кое се случи во државата.

-Прашањето на ваша колешка беше дали размислувам за втор мандат. Јас реков дека не размислувам и не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар, во вакви траорни времиња низ кои поминуваме, може да размислува за власт, за избори, за мандати. Изборите се закажани за април и мај следната година и имаме доволно време после Нова година да размислуваме за тие работи, рече Пендаровски.

Како што посочи, својот мандат ќе го изработи до крај, во согласност со потребите на граѓаните.

Пендаровски денеска на прашањето дали размислува да се кандидира за нов мандат на претседателските избори во април идната година, кажа кусо „Не“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он