ВИДЕО: Пендаровски-Матарела: Северна Македонија нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска престојува во официјална посета на Република Италија. Во Рим, претседателот Пендаровски на официјална церемонија беше пречекан од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели остварија тет-а-тет средба, по што следуваше и пленарен состанок со официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Италија.

Претседателот Пендаровски на средбата се заблагодари за постојаната отворена поддршка на Италија за нашите стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО. Во оваа насока од италијанската страна го информираа претседателот Пендаровски дека е прифатена иницијативата на Република Италија за вонреден состанок на Советот за општи работи на Европската унија на којшто повторно ќе се отвори прашањето за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Притоа, претседателот Пендаровски додаде дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и НАТО е во интерес на регионалната безбедност и просперитет. Во овој контекст претседателот Пендаровски подвлече дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и не се прифатливи алтернативни модели за градење на односи на земјите од Западен Балкан со Унијата, различни од стандардите што ги поминаа сите членки во ЕУ како кандидати.

На средбата меѓу претседателите Пендаровски и Матарела се разговараше за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што се констатираше дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог којшто може да придонесе за зајакнување на трговската размена, соработка меѓу бизнисите и збогатување на економската соработка.

Истовремено, претседателот Пендаровски на средбата упати покана до претседателот Матарела за официјална посета на Република Северна Македонија следната година, покана којашто претседателот Матарела со задоволство ја прифати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска

(ВИДЕО) Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е изборот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот

Горан Наумовски