(ВИДЕО) Пендаровски: Инсистирам на консензус за распишување на изборите

Од:

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската Унија. Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски по првиот дел од лидерската средба, каде стана збор за заклучоците на Европскиот Совет.

Пендаровски пред новинарите кажа дека сите поканети лидери на средбата се децидни оти за ЕУ не постои алтернатива.

Тој потенцираше дека сите лидери присутни на средбата рекле „не“ на какви било алтернативи на полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ и се обврзале независно кој и да е на власт или во опозиција, сите да работат за побрзо приклучување на земјата во Унијата.

– Сите лидери застанаа зад нашата стратешка цел. Кажаа дека ова е единствениот пат, алтернатива која води кон успех. Имаме јасен државен консензус, Република Северна Македонија поскоро да ги почне преговорите. Сите беа согласни околу новата методологија на преговорите, за реверзибилност, враќање назад на поглавјата. Сите беа категорично не, за приклучување кон други сојузи и организации. Ги афирмираме овие вредности, било кој да е на власт или опозиција, се обврзаа дека ќе работат на овие вредности, рече Пендаровски.

Пендаровски за предвремените избори кажа дека е важно да има апсолутен консензус за распуштање на Собранието.

Тој рече дека не е негова надлежност да кажува дали треба да има избори, но оти треба да се внимава да не се доведеме во ситуација да не можеме од технички причини од наша страна да го ратификуваме Протколот за членство во НАТО.

– Јас сум претседател, не одлучувам за тоа, но мора да има договор меѓу власта и опозицијата. Инсистирам да има консензус за избори. Не видов желба кај ниту еден лидер, да го заобиколат консензусот. Им реков да имаат предвид дека протоколот за НАТО го ратификуваа 24 од 29 земји и кога сите ќе ратификуваат треба ние да го ратификуваме. Да го имаат предвид моментот, изборите да бидат во согласност со агендата за НАТО. Да не се ставиме во позиција од технички причини, да го пропуштиме тој рок, додаде Пендаровски.

Шефот на државата информира дека средбата ќе продолжи со расправа по предлогот на премиерот Зоран Заев за одржување на брзо предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска