Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Од:

Во среда би требало да се одржи средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според информациите на МИА, разговорите најверојатно ќе се одвиваат во Клубот на пратеници.

Засега за часот и форматот на оваа средба нема информации. Ковачевски најави средба со Мицкоски и со тимовите од двете страни, додека Мицкоски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци.

Премиерот Ковачевски кажа дека теми на разговор би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицкоски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

Орце Костов

Мицкоски: Законот за аболиција со која ги ослободуваат и осудените од „Монструм“ ќе го блокираме

Мицкоски: Важно е да се приклучите и обединиме, од сите вас зависат промените

Горан Наумовски

Мицкоски: Згрозен сум од неморалниот чин на Маричиќ, устата полна им е со Европа, а немаше ни извинување

Горан Наумовски

Ковачевски: Мицкоски станува сабајле и вика јас сега ќе блокирам, тоа е стратегија на опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Замрзнувањето на цените не го решава проблемот, водат погрешни економски политики