ВИДЕО: Започна лидерската средба во вила „Водно“

Од:

Во вилата „Водно“ почна лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски откако во петокот Европскиот совет не донесе одлука за почеток на пристапните преговори до земјава.

Покрај лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на средбата пристигнаа и лидерите од албанскиот политички блок, Али Ахмети, Мендух Тачи, Зијадин Села, Африм Гаши и Билал Касами. При пристигнувањето никој од нив не сакаше да даде изјава за медиумите.

Организирање на предвремени парламентарни избори ќе биде во фокусот на лидерската средба, откако државава не доби датум за почеток на преговори за членство со Европската унија.

Речиси сите од нив во пресрет на средбата побараа предвремени избори, власта побара насока од народот за идниот пат на државата и нов мандат за да ги продолжи реформите, а опозицијата казна за Владата за неуспехот за почнување преговори со ЕУ и доверба за, како што велат, нов почеток за државата.

По завршувањето на лидерската, за вечерва закажана е и средба на премиерот Заев со помалите коалициски партнери.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска