(ВИДЕО) Пендаровски: Бугарите ќе не кочат како сакаат и кога сакаат, но не кочеа и без францускиот предлог

Од:

„Мојот став е дека со одлуката да го прифатиме модификуваниот француски предлог би значело само одлука да почнеме преговори. Заврши ерата на брзите преговори. Одлуката да го прифатиме предлогот нема да биде ниту историски триумф, ниту дебакл. Според мене станува збор за транзициски компромис. Овој предлог овозможува почеток на преговорите и баш со ништо не го поткопува македонскиот идентитет“ истакна претседателот Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.

Тој смета дека никој во принцип кај нас нема против влегување на Бугарите во Уставот, но внатрешната поларизација го оневозможува консензусот.

„Овој услов е според мене најголемата слабост. Држава со просечна плата од 500 евра и 1,8 милиони жители толку може од позиција за кандидат за членство. Билатералниот договор е внатре затоа што добрососедските односи се дел од Копенхашките критериуми од 1993 година. И Преспанскиот договор е во рамката. Да не заборавиме дека Рамковниот договор беше главен услов да добиеме кандидатски статус. Сметам дека со овој предлог Бугарите ќе не кочат како сакаат и кога сакаат, но не кочеа и без договорот. Евалуацијата со нашиот договор со Бугарија ќе оди на две нивоа, еднаш годишно со Бугарите и вторпат заеднички со ЕУ. Од денес натаму нема само Бугарија да го цени нашиот напредок, туку и ЕУ. Имаше теза дека историјата е услов за понатамошен прогрес во преговорите. Но тоа не е точно. Во протоколите се препорачува историската комисија да ја динамизира работата и да организира 8 до 12 средби годишно“, истакна Пендаровски.

Претседателот очекува откако предлогот ќе влезе во владата, да се донесат заклучоци дека од денот откако ќе ги отвориме преговорите до денот кога ќе ги завршиме, ако има проблеми од Бугарија во однос на идентитетот и јазикот, дека во истиот момент треба самите да се повлечеме од тие преговори.

„Една од последните тези е дека постои страв кај еден дел од Македонците дека во ЕУ можеме да влеземе само како Бугари. Сите сме свесни како еден Македонец може да стане Бугарин. Со чувство и земање пасош како што нашите сограѓани го имаат направено и со окупација што не е можно. Постои страв кај Македонците дека ЕУ игра дволично со нас. Ве уверувам дека во моите разговори со високите претставници на ЕУ, како Шолц и Макрон, не сум добил впечаток дека сакаат да ја разнебитат македонската нација.

Нивниот интерес е економскиот, не гледам дека им е интерес да менуваат етничка карта и чисто се сомневам дека Макрон или Шолц би изразиле желба да дојдат во Скопје притоа да се обидуваат да ја уништат македонската држава. Со овој предлог остануваме на европскиот колосек кој е прилично долг, но до овој момент не губиме ништо“, истакна претседателот Стево Пендаровски по одржувањето на 16-та седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на седницата беше модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори, а покрај членовите на Советот, присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

САД ставија вето на приемот на државата Палестина во ОН