ВИДЕО: „Пелагонија“ се дави во ѓубре, 15 вреќи секојдневно се изнесуваат од студенскиот дом

Од:

15 вреќи со ѓубре секојдневно вработените полнат со ѓубре кое го собираат од паркот на студенскиот дом „Пелагонија“. Студентите од прозорци фрлаат се што им е вишок од конзерви, најлонски кеси, скапано овошје, отпушоци, па се до стара облека и обувки. Нашата екипа на терен, затече како вработени полнеа црни кеси од депонијата што ја направиле студентите.

„После викенд дворот е хаос, депонија. Не знаеме што ќе начекаме, кога ќе дојдеме на работа во понеделник. Се прават седенки, забави и од прозорци се фрла се. Не знам што да кажам, но ова на ништо не личи, академски граѓани се, каква порака праќаат до јавноста во вакво однесување“ рече еден од хигиеничарите кој чистеше во паркот зад „Пелагонија“.

Друг вработен во домот изјави дека студентите во неколку наврати биле опоменувани и дека не е прв пат паркот да го претворат во депонија.

„Тањири и вилушки фрлаат одозгора. Ќе мавнат некој по глава. Канти имаат на секој ќош. И во соби и во ходници и во мензите. Срамота е тоа што го прават.“

Студентите кои ги начекавме пред домот, го осудија несовесното однесување и признаа дека има канти за ѓубре и доволно контејнери во близина на Пелагонија.

„Не е во ред. Сега не знам кој фрла, но јас моите кеси ги носам во контејнерите тука подолу од домот.“

„Менталитетот ни е таков. Значи сите фрлаат каде ќе им текне, па истото го прават студентите. Не е за оправдување, треба да се поработи на подигање на свеста.“, изјавија студентите пред камерата на Макфакс.

Фотографии со ѓубрето во Пелагонија беа објавени на социјалните мрежи. Под притисок на јавноста се огласија надлежните. Претпријатието „Комунална хигиена“ најави дека утре ќе започне акција за чистење на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“.

„И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не спаѓа во ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, претпријатието ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на зарази и да се заштити животната средина“, информираат од таму.

Воедно градоначалникот на општина Кисела Вода и директорот на Домот утре ќе одржат прес конференција пред студенскиот дом односно ќе упателе апел за совесно постапување со отпадот и штетноста од создавањето на дивите депонии коишто директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица